Нов поглед на „вселенскиот брод“ на Apple (видео)

eple.jpg

Изградбата на кампусот на „Apple“ полека, но сигурно влегува во завршна фаза, и досега е направена огромна работа.

Планираното отворање на новиот кампус на „Apple“, популарно наречен „Spaceship“ се очекува во текот на идната 2017-та година. Откако кон крајот на 2013-та година беше поставен камен темелникот, направена е навистина огромна работа на еден од секако најимпресивните бизнис локалитети на светот.

„Apple“, како и секогаш, предизвикува голем интерес и уште поголеми контроверзии, па така се следи секој детал кој може да се види на овој кампус. Кога ќе биде готов, ќе стане дом на 13.000 работници на оваа престижна компанија.

Во последните шест месеци работите и тоа како напредуваа, затоа е многу интересно да се погледне видео записот со кој се прикажува напредокот во споменатиот период. Станува збор за речиси вистински мал град кој ќе има се што е потребно со цел вработените во „Apple“, бизнис партнерите, но и посетителите да се чувствуваат пријатно и безбедно.

Меѓу останатото, „Spaceship“ е познат и по тоа што на објектите се поставува една од најголемите инсталации на соларни панели во светот, која кога ќе биде готова ќе испорачува 5 мегавати.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail