Нов рекорд – Светски позната компанија бара 120 илјади нови работници

amazon.jpg

Компанијата Амазон објави дека ќе отвори повеќе од 120 000 работни места ширум САД, поради претстојните празници.

Tоа е нов рекорд за оваа компанија, кој лани бараше 100 000 работници.

Бројките секоја година се набљудуваат, посебно за време на празниците. Вработените за време на празници не се  вбројуваат во 268 000 постојано вработени лица, но од Амазон порачуваат дека тие позиции може да водат и до оние највисоките во компанијата.

Лани имале околу 100 000 работници од кои шовеќе од 14 000 останале за нив да работат и после празниците.

Сезонското вработување на Амазон повеќе од двојно се зголеми од 2012 година кога компанијата создала 50 000 работни места за празниците. Во последните неколку години, компанијата често ја шири својата мрежа на пазарни центри, а во меѓувреме гради и свој сопствен систем на испорака на авиони, камиони и други превозни средства.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail