НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: Французин престојуваше во мраз 2 часа 35 минути и 43 секунди

NOV-SVETSKI-REKORD-Francuzin-prestojuvashe-vo-mraz-2-chasa-35-minuti-i-43-sekundi.png

НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: Французин престојуваше во мраз 2 часа 35 минути и 43 секунди

За да се подигне свеста за борбата против карциномот кај децата, Французинот Роман Вандендорп го собори светскиот рекорд за престој во мраз, во кој помина цели 2 часа 35 минути и 43 секунди, јави дописникот на МИА.

Подвигот на Роман Вандендорп е многу убава приказна: вчера во Ватрелос, на северот од Франција, тој го собори светскиот рекорд за потопување во мраз со цел да ја подигне свеста за борбата против карциномот на детска возраст.

Под контрола на судиите и пред педесетина луѓе кои дојдоа да го поддржат, овој 34-годишен здравствен работник остана потопен 2 часа 35 минути и 43 секунди во кабина од плексиглас исполнета со коцки мраз до вратот, надминувајќи го за 40 минути претходниот светски рекорд.

Роман Вандендорп сакаше „да ги надмине човечките граници“ да повика на донации во корист на здружението Вондер Августин и да покаже дека „ако тренираме, ако дадеме сè, можеме да одиме напред, да добиеме резултати што можат да ги подобрат нештата“.

Излегувајќи од мразот откако го урна рекордот, Роман Вандендорп рече дека сакал „да им испрати голема порака на сите деца кои моментално страдаат од рак: мора да ја задржиме надежта“. „Среќен сум за здружението, многу размислував за Августин. Овозможувајќи го невозможното, тоа беше значењето да се даде на овој рекорд “, додаде тој.

За да го постигне овој рекорд , Роман Вандендорп разви „невро-когнитивни техники“ засновани на „имагинација и концентрација“, кои му овозможуваат да се постави „во состојба на будно сонување“. Тој тренираше две години дома, во џакузи исполнето со ледена вода, потоа во замрзнувач од 500 литри, и конечно во високиот снег во Шамони, објасни тој пред присутните новинари.

-Секој може да донира по едно евро за секоја минута што Роман ја помина потопен во мразот“, објасни Стив де Матос, претседател на Здружението „Вондер Августин“, кое собира средства за истражување на рак на мозокот. Ова здружение е основано во Ватрелос пред две години по смртта на малиот Августин на 8 октомври 2018 година на 4-годишна возраст, два месеци по дијагностицирањето на оваа болест.

Роман Вандендорп го придружуваше Августин неколку дена пред неговата смрт.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail