Нов тренд помеѓу младите: Необичен начин на употреба на електронските цигари

08xp-dripping3-master768-640x427.jpg

Најновиот бизарен тренд кај младите е наречен dripping – капење на никотинската течност директно на вжештената спирала на електрична цигара, со што настануваат густи облаци од никотинска пареа.

Истражувањето на реномираниот Универзитет Јеил, е спроведено на средношколци, и укажува на тоа како дрипингот е изненадувачки популарен. Имено, со ваквата постапка повеќе се чувствува вкусот во грлото. Меѓу тинејџерите кои користат електронски цигари, прилично една четвртина признава дека модифицирала цигари за дрипинг.

Внес на повеќе канцерогени материи

Кај дрипингот течноста се нанесува рачно на спиралата од електронската цигара, наместо да поминува покрај механичкиот осигурувач. Студијата е спроведена на 7.045 ученици, од кои 1.874 користеле електронски цигари. Од оние кои користат вакви цигари 282 секојдневно практикувале дрипинг. Некои производители најверојатно го намирисале овој тренд, па на пазарот се појавиа цигари со отворени спирали за корисниците да не ја расклопуваат цигарата.

Лекарите апелираат до младите да престанат да го следат овој тренд, бидејќи ваквиот начин резултира внес на високо ниво од канцерогени материи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail