qAnUD-montenegro170.jpg

Будва од понеделник, 20-ти мај ќе воведе наплата на туристичка такса за Стариот град по цена од едно евро, соопштила Туристичката организација во Будва.

Туристичката такса нема да ја плаќаат деца до 12 години, лица со слушни и телесни оштетувања, учесници во училишни екскурзии, странски државјани кои според меѓународните конвенции се ослободени од плаќање на такса и лица кои доаѓаат во посета заради хуманитарна работа.

Туристичката такса нема да ја плаќаат ниту гостите кои се сместени во туристичките капацитети кои се наоѓаат на територијата на Будва, а кои веќе платиле такса за престој.

Таксата привремено ќе се наплаќа во информативно-туристичкиот пункт во Стариот град во Будва.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail