Нов Зеланд има потреба од работници

nov.jpg

Новозеландскиот премиер Бил Инглиш изјави денеска дека неговата земја треба да се потпира на гастарбајтерите, бидејќи многумина жители не можат успешно да ги поминат тестовите за наркотици на работните места, јави ДПА.

Инглиш го изрази ова мислење пред новинарите, кога беше прашан за зголемувањето на миграцијата во Нов Зеланд.

Земјата бележи раст на миграцијата за 71.300 лица од 31 јануари 2016 до 31 јануари годинава, соопшти денеска националната статистичка служба.

На прес-конференција Инглиш беше прашан зошто 140 илјади невработени Новозеланѓани не го пополнат недостигот на работна рака во земјата.

– Една од тешкотиите во денешно време е поминувањето на тестовите за наркотици, нагласи Инглиш.

– Согласно правилата за безбедност при работење, не може на работното место да има луѓе под дејство на наркотоци. Многу од нашите млади луѓе не можат успешнода го поминат овој тест, наведе новозеландскиот премиер.

Инглиш потенцира дека рекордното ниво на миграција е нешто убаво за неговата земја.

– Тоа е чувството дека си растечка економија со доверба, насока и Влада што е фокусирана на помагањето на растот, а не на обидот ја спречи миграцијата, заклучи новозеландскиот премиер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail