Нова алатка на Гугл „ја мери“ омразата во коментарите на интернет

images.jpg

Во денешната жестока и тешка политичка клима, нема недостаток на злоупотреба и „тролање“ на интернет. Поради тоа, Гугл одлучи да создаде алатка која квантитативно мери колку е еден коментар на интернет полн со омраза.

Perspective е нов начин на справување со говорот на омраза, а веќе неколку светски познати медиуми го користат алгоритамот за да „чешлаат“ низ коментарите кои читателите им ги оставаат за да најдат злоупотреба и навреди.

Алатката им дава на коментарите оценки од „многу здраво“ до „многу отровно“, за автоматски да можат да се отстранат или да се пратат на модераторите, кои ќе одлучат дали треба да останат.

Mashable ја тестирале новата алатка, а велат дека е се уште работа во прогрес. Според нив, алатката не детектира посуптилен говор на омраза, кој сепак е вербална злоупотреба и омраза, без користење на експлицитни зборови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail