Нова група ученици од САД пристигна во Македонија на меѓукултурна размена

ucenicii.jpg

Во Република Македонија денеска пристигна новата група од пет американски средношколци, кои ќе престојуваат десет месеци во рамки на Програмата за младинска размена и образование (Youth Exchange and Study Program – YES).

Програмата е финансирана од Владата на САД и администрирана од Бирото за образование и културни работи (Bureau of Educational and Cultural Affairs – ECA) на американскиот Стејт Департмент.

Петте американски ученици се на возраст од 16 до 18 години и ќе живеат во македонски семејства домаќини и ќе учат во македонски средни училишта (СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „НОВА“).

Во Македонија оваа програма почна да се спроведува во 2008 година. Првата група македонски средношколци, стипендирани преку оваа програма отиде во САД во учебната 2009.2010 година. Од тогаш досега вкупно 103 ученици од сите краеви на Македонија се дел од оваа меѓукултурна размена.

Најновата група од 12 средношколци од Македонија, кои ќе живеат во американски семејства домаќини и ќе учат во средни училишта ширум САД замина на 16 август.

Во септември годинава почнува новиот циклус на селекција на ученици од Македонија за учебната 2017/2018 година. Заинтереираните ученици ќе можат да се пријават на 14 септември во Штип, на 15 септември во Струга, на 16 септември во Куманово и на 17 септември во Скопје.

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на http://ac-see.org/new/ и http://ac-see.org/new/youth-exchange-study/yes-applicationinformation/.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail