Нова машина за отстранување на СО2 од воздухот

climeworkds-direct-air-capture-plant-zurich-designboom-06-01-2017-newsletter-818x600-640x469.jpg

Една швајцарска компанија тврди дека ја креирала првата машина која може да го собере јаглеродниот диоксид од атмосферата и истиот да го пренамени за други, комерцијални цели.

Системот наречен „Direct Air Capture“ (DAC)  е изграден од страна на компанијата  „Climeworks“, во близина на Цирих во Швајцарија и има капацитет да отстрани 900 метрички тони СО2 од атмосфератата годишно. Ова количество потоа ќе се  искористи во блиските оранжерии за одгледување на зеленчук.

Сепак, ова претставува само мал дел од 10-те гигатонi СО2 што годишно треба да бидат отстранети до 2050 година со цел да се ограничи глобалното затоплување. Но, од компанијата истакнуваат дека е тоа важен чекор кон одржување на глобалното затоплување под 2°C, како што е предвидено со договорот од Париз за климатските промени.

Тие истакнуваат дека работаат кон остварување на целта за филтрирање на еден процент од глобалните емисии на СО2 до 2025. За да се постигне ова, тие проценуваат дека ќе бидат потребни околу 250.000 илјади вакви објекти.

Објектот е составен од 18 колектори во кои со помош на мали фенови се уфрла воздух.Тука  СО2 се впива во филтри, слични на сунѓер, додека чистиот воздух повторно се исфрла надвор. Откако филтрите за неколку часа ќе се заситат со СО2, тој се загрева, се ослободува од филтрите и со собира како концентриран гас. Филтрите може да се употребуваат многу пати и да издржат неколу илјади циклуси.

Според  компанијата, собраниот СО2 може да се продава во прехрамбената индустријата за газираните пијалоци, како и на компании кои произведуваат други продукти, како пластика и градежни материјали.

Всушност, овој систем во Цирих, преку подземни цевки   ќе го испорачува собраниот СО2 на  голема оранжерија,  што се наоѓаат на оддалеченост од 400 метри. Според „Climeworks“, преку снабдувањето на оранжериите со СО2 се зголемува растот на зеленчукот и до 20 проценти.

За разлика од другите технологии за собирање на јаглеродниот диоксид, овој модуларен систем на „Climeworks“, може да се постави речиси насекаде.

извор: enauka.mk
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail