ucilnica.jpg

Нова паралелка во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ во Скопје поддржана од ЕВН Македонија. Учениците ќе имаат практична обука во текот наставата, а по заврпшувањето на средното образование ќе бидат вработени во компанијата.

Овие ученици се дел од проектот 20–20–20. По завршувањето на образованието во скопското средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, во 2020 година ќе се вработат во ЕВН Македонија.

Ова е пример како треба директно да се поддржат образовниот процес и младите, вели директот на средното електротехничко училиште. Задоволен е што првпат ваков проект почнува во нивно училиште и се надева дека ќе има интерес и кај други компании да им понудат соработка на средните стручни училишта, да ја заголемат атрактивноста на училиштата, а и младите по завршување на образованието да имаат обезбедено работа.

Од компанијата велат дека тие нудат можност да се создаде кадар што е потребен. Објаснуваат дека ако се почне како електромонтер во ЕВН не значи да се работи таа работа цел живот, туку може да биде почеток на кариера како специјалист или проектен инженер.

Проектот 20-20-20 ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука кои се применуваат во Австрија, Германија и во Швајцарија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail