Нова совршена идеја за бизнис со субвенции од Владата !

stara-kuka.jpg

Руинирани станови и куќи, ги реновираат и ги претвораат во апартмани кои им ги изнајмуваат на туристи. За неколку дена престој на турист во твојот апартман побогат си за 200-300 евра. А заработката за цела година? Се исплати верувајте! А со поддршка од Владата уште повеќе! Во Македонија оваа идеја може да почне со реализација месецов…

А како почнале двајца млади Загрепчани?

Томислав и Игор од Загреб изнајмуваат стари станови, ги реновираат и ги претвораат во апартмани кои им ги изнајмуваат на туристи Оформиле тим од луѓе кои ќе се грижат за секој детаљ – од изнајмување, чистење, одржување до овозможување на 24 часовна грижа за гостите.

Се почна кога го преуредивме првиот стан во Загреб, во модерно место со додатни услуги. Набрзо, ваков начин на работа, т.н. клуч на рака се покажа како идеален за мали изнајмувачи како нас. Откако ќе го земеме станот, го реновираме, го опремуваме и управуваме со него, а на сопствениците им исплаќаме фиксен нето приход.“ – објаснуваат Томислав и Игор.

Првите апартмани ги отвориле уште во 2011 година во Загреб, а за само неколку години преуредиле и многу апартмани и стари куќи во Ровињ и Дубровник, а почнале да го шират бизнисот и во Виена и Белград. Ако се оди според планот, планираат во 2018 година да имаат над 1000 апартмани.

Оваа одлична идеја може да се проведе и во Македонија. Владата ќе дава субвенции за реновирање на руинирани куќи кои сопствениците ќе ги пренаменат во апартмани за туристи.. Аплицирањето за мерката ќе почне месецов и ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен“.

Сопствениците на објектите ќе добијат надоместок на потрошените средства до 60 отсто од трошоците за оваа намена! Но не повеќе од 3.000 евра по апликант.

Финансиските средства ќе се доделат по поднесување на барање од заинтересираните лица, заедно со докажаните трошоци за зафатот.

Целта на мерката е да се подобри туристичката понуда и да се развие руралниот туризам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail