Новата суперцентрала на Епл чини пет милијарди долари

Стив Џобс, покојниот основач на Епл ги воведе стандардите компанијата секогаш да внимава и на најситните детали, па во тоа се вклопува и последниот нивни проект – огромна округла централа во Купертино во Калифорнија.

Комплексот што зафаќа плоштина од 260.000 квадратни метри, е не само инженерски, туку и естетски предизвик. Тоа најверојатно е и главната причина поради којашто тој не беше отворен уште во 2015, како што беше првично планирано, а ќе се случи во април 2017 година, како што се најавува.

Луиз Мозинго, инженерка од Универзитетот во Беркли, вели дека во тоа грандиозно здание, коешто многумина го споредуваат и со вселенски брод, и ориентацијата во просторот ќе биде тешка, дека човек просто може да се загуби…

– Не станува збор за зголемување на производствените капацитети, туку тие сакаат да создадат симбол на таа глобална компанија. Тие создаваат една икона, дополнува таа.

Во новата зграда е предвидено да се вработат 14.000 луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail