Новата верзија на WhatsApp доаѓа со две доста барани опции

tocka-217046.jpg
Новата верзија на популарната апликација за комуникација – WhatsApp ќе овозможи бришење на испратените пораки, фотографии и видеозаписи.

 

Една од најпопуларните апликации за размена на пораки и мултимедиски содржини – WhatsApp наскоро ќе добие нови опции кои на корисниците ќе им овозможат испратената порака да ја избришат или пак да ја изменат, но само доколку пријателот ја нема прочитано.

Досега беше овозможено бришење на пораките на локално ниво, односно на телефонот од каде што пораките се испратени, но некоја од идните верзии на WhatsApp ќе ги донесе новите функции кои што ќе пристигнат под називите Edit и Revoke.

Опциите се тестираат на бета фази од апликацијата на сите платформи, а кога ќе бидат вметнати во „јавната“ верзија на WhatsApp засега не е дефинирано. Истите опции (бришење и изменување) ќе бидат овозможени и за испратените видеозаписи и фотографии, исто така под услов примачот да ги нема видено пред да одлучите да ги избришете.

Измената или целосното бришење на пораките ќе биде многу едноставно затоа што ќе биде доволно само да се допре или да се задржи прстот на одредена содржина, по што на екранот ќе се појават опциите Edit и Revoke.

Корисниците на овој начин ќе се избегнат одредена непријатност при испраќањето на порака, а WhatsApp на местото на избришаната содржина ќе остави порака дека на тоа место се наоѓала содржина која што во меѓувреме испраќачот решил да ја избрише.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail