Новата зграда на Филхармонијата во Хамбург прерасна во светска сензација

hamburg-1669634_960_720.jpg

По 10 години изградба и повеќекратно пречекорување на буџетот, во средата во Хамбург, на спектакуларен начин, беше отворена новата зграда на Филхармонијата.

Филхармонијата на Лаба е изградена на докот од хамбуршкото пристаниште, на местото каде некогаш се наоѓале складишта, а многумина сметаат дека станува збор за една од најубавите современи градби во Европа.

Во склад со тоа, долниот дел од величествената зграда е изграден од црвена тула, како што некогаш изгледале пристнишните складишта, а на нив е поставена голема конструкција од стакло и метал.

Освен концертите сали во нејзината внатрешност се наоѓа хотел и ексклузивен стамбен комплекс. Најскапиот апартман нуди единствено визуално искуство – поглед на Хамбург и реката Лаба „со широчина“ од цели 270 степени.

На свеченото отворање присуствуваа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Јоахим Гаук.

Автори на објектот се архитектите Жак Херцог и Пјер де Мурон, кои по стадионот во Пекинг „Птичје гнездо“ и лондонската галерија „Тејт модерн“ направија уште едно ремек-дело.

Зградата првично требало да чини 241 милион евра, а буџетот во неколку наврати бил пречекорен, така што за нејзината изградба, опремување и отворање на крајот беа потрошени 789 милиони евра.

Градските татковци,сепак, не се многу загрижени заради овие бројки, бидејќи очекуваат Хамбург, благодарение на оваа зграда, да привлече голем број туристи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail