Нови автобуски линии за времетраење на Саемот на книгата

jsp.jpg

По повод одржувањето на Саемот на книгата 2018 од 03-09 мај, на барање на Скопски саем, заради полесен пристап на посетителите до Саемот на книгата, ЈСП Скопје воведе две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП Арена Борис Трајковски.

Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова Железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → ВИП Арена Борис Трајковски. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот а исклучувањето во 19 часот.

Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди → Поликлиника Букурешт → СЦ Борис Трајковски. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот а исклучувањето во 19 часот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail