Нови докази за можен живот на Сатурн

НАСА објави прекрасни фотографии од Сатурн направени од вселенското летало Касини, во текот на минатата година околу оваа планета.

Она по што овие фотографии се разликуваат од претходните е тоа што детално ги прикажуваат Реа и Титан, како и познатите прстени на Сатурн.

Во последно време научниците детално ја проучуваат токму оваа планета, поради нови докази кои упатуваат на можноста од постоење на живот на истата.

Со години научниците ја отфрлаа можноста за живот на оваа планета, бидејќи не биле пронајдени основните елементи без кои се смета дека животото во били која форма е невозможен.

Најновите податоци кои ги собра Касини, покажуваат дека таму сепак се наоѓа основниот елемент кој е потребен за живот, барем теоретски, на оваа планета може да постои водород.

На една од месечините на Сатурн е откриен водород. Во текот на конференцијата за медиуми на 4ти мај оваа година се говореше дека водородот може да служи како потенцијален извор на хемиска енергија која би можела да служи како храна за микробите.

Вселенскиот брод Касини замина на своето последно прелетување на 9ти мај, кога леташе од северот на Сатурн до јужниот пол.

извор: enauka.mk

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail