Нови медали за учениците на „Јахја Кемал“ на светска олимпијада во Њујорк

jahaja-kemal.jpg

Учениците од ПСУ „Јахја Кемал” успешно ја претставија Република Македонија на меѓународната научна платформа, светската олимпијада под мотото „Ајде да изградиме подобра иднина заедно” што се одржа во државниот универзитет Освего во Њујорк, САД. Олимпијадата се одржа во 5 дисциплини: наука, визуелни уметности, бизнис, креативно пишување и роботика.

Во Освего учествуваа 1.657 проекти од 70 различни земји и илјадници учесници.

„Јахја Кемал“ учествуваше со 26 проекти и 37 ученици. Еве ги и резултатите што беа постигнати:

Златни медали: Талиа Кастрати и Халиме Адеми во категорија краток филм.

Сребрени медали: Валерија Илиевска, Анастасија Тренкоска, Љубица Филипова,Трајче Бојаџиев, Рилјета Јонузи, Емел Абуш во категорија наука.

Бронзени медали: Дарио Тасески во категорија уметност, Бојана Маројевиќ, Марија Стојчева, Бојана Стефаноска, Михаела Хаџиска, Ангела Петреска и Стефан Дамчески во категорија наука.

Добиени беа и 11 пофалници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail