Нови мерки: Лицата постари од 40 години да работат само 3 дена неделно

denar-1.jpg

Работниците кои се на возраст од 40 години или нагоре се најпродуктивни кога работат само три дена во неделата.

Ова го покажа најновата студија што ја објави Универзитетот во Мелбурн.
Истражувањето опфати 3.000 мажи и 3.500 жени и покажа дека луѓето на средна возраст се напродуктивни ако неделно на работа поминуваат помалку од 25 часа.
Лицата кои се постари од 40 години и кои што работат по 55 часа неделно се претерано изморени и под огромно нивно на стрес, а таквата состојба влијае и на работната средина.
Кога работат подолго од 25 часа, луѓето постари од 40 години се помалку продуктивни дури и од пензионерите.
Во светот постои тренд на скратување на работното време и давање на се поголема дозвола на работниците да работат од дома со флексибилно работно време.
Деновиве, Џек Ма – основачот на Алибаба изјави дека за 30 години луѓето ќе работат со скратено работно време и тоа само 4 денови во неделата.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail