Нови податоци од Vault 7 на Wikileaks, што сѐ може да направи CIA со камерите и видеата

camera_surveillence-34chngze2ldec3gcvdab5s.jpg

Новите податоци кои ги сподели Wikileaks, покажуваат како Централната агенција за разузнување (CIA) манипулира со камери и видео содржина. Project Dumbo им овозможува на хакерите на CIA да ги користат веб-камерите за набљудување, но и да уништат видео содржина.

Цел на нападот повторно е Windows оперативниот систем. Освен камери, Project Dumbo може да манипулира и микрофони.

Сепак, користењето на Dumbo не е едноставно. Софтверот може да се инсталира единствено од USB-стик, и да остане до крајот на операциајта. Со овој софтвер агенцијата може да ги уништи видеата кога некој од тимовите е на терен. Софтверот овозможува манипулација и креирање на лажно видео или уништување  на постоечките видео материјали.

За Project Dumbo потребни се администраторски привилегии, а софтверот функционира на 32bit Windows XP, Windows Vista, и некои понови верзии на Windows. 64bit Windows XP и верзии на Windows постари од XP не се поддржани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail