Нови поволности за студентите на УКЛО

aspect_250x200_FFFFFF_LOGO.jpg

Ослободување од  административна такса за пријави за испити, запишување и заверка на семестар се меѓу најновите поволности кои УКЛО ги обезбедува за своите студенти.

Од почетокот на март 2020 година сите студенти на УКЛО се ослободени од плаќање на овој вид административна такса. Одлуката едногласно ја донесе Ректорската управа по предлог на проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Со најновата мерка пријавите за испит и обрасците за запишување и за заверка на семестар не подлежат на админитративна такса од 1 март 2020 година. Инаку,  со ослободувањето од административна такса студентите на УКЛО стекнуваат уште една поволност што ја потврдува грижата на Универзитетот за студентите и студентскиот стандард.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail