Нови правила за патување во Европа

traffic_congestion_solutions.jpg

Новите правила започнуваат да важат од 1-ви април, а до нив ќе мора да се придржувате бидејќи следуваат огромни казни!

Од 1-ви април започнуваат да важат нови правила за движење на странци во Европа. Дел од нив значат плаќање на дополнителни такси од страна на сите странски државјани кои ќе ги посетат дадените земји, а други пак значат ограничување на временскиот период на нивниот престој во земјите.

На пример, сите туристи кои ќе ги посетат француските градови како Париз, Лион и Гренобал ќе мораат да платат нова такса во износ од 4,18 евра за сертификат за квалитетот на воздухот. Доколку ве фатат без овој сертификат, ќе платите казна од 135 евра. Се очекува оваа мерка да се прошири и во останатите метрополи низ Европа.
Минатата недела, Германија воведе нова мерка со која на странците кои ќе сакаат да возат низ германските автопати им се наложува да платат такса од 130 евра! Ова ги засега туристичките компании, агенциите за патување, но и обичните граѓани бидејќи таксата ќе значи и повиски трошоци за патување во Германија.
Ваква мерка постои и во Австрија кадешто за 10 дена возење ќе треба да платите 8,90 евра.
извор: фактор.мк
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail