Нови студиски програми и уписи за студенти на Универзитетот ФОН

FON-610x400.jpg

Универзитетот ФОН во соработка со Универзитетите во Вашингтон, Валенсија и Милано ги претставува новите студиски програми за идните студенти, кои ќе имаат можност да одберат и двојна диплома со Европските и Американски универзитети.

Програмите за студирање, заедно со предметите и звањата кои се добиваат по дипломирањето може да се преземат со кликнување на линковите на полето ПРЕЗЕМИ на соодветниот факултет.

Детали за уписите и потребна документација може да добиете со кликнување на овој ЛИНК.

Новозапишаните студенти ќе бидат студираат во некоја од следниве квоти:

– Квота 1 – 600 евра годишна школарина (300 евра по семестар), за ученици со среден просек од од 4.00 до 5.00

– Квота 2 – 800 евра годишна школарина (400 евра по семестар), за ученици со среден просек од 3.00 до 4.00

– Квота 3 – 1000 евра годишна школарина (500 евра по семестар), за ученици со среден просек под 3.00

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail