Новиот дигитален таблет на Sony целосно ќе ја исфрли хартијата од употреба (видео)

sony-tablet.png

Поради широката употреба и достигнувањата во технологијата хартијата се помалку се користи. Наместо да носиме книги или тетратки користиме лесни таблет-уреди на кои можеме да ставиме неограничена количина информации. Ткму тоа ја поттикна компанијата Sony да ја направи најновата дигитална таблет-хартија DTP-RP1.

Во суштина, Sony сака целосно да ја укине употребата на хартија. DTP-RP1 има екран од 13,3 инчи, за кој од компанијата тврдат дека ќе го подобри искуството на пишување со дигитално пенкало. На екранот не се лизга пенкалото, што на корисниците им дава чувство како навистина да пишуваат по хартија. Новиот дизајн на таблетот овозможува тој да биде многу потенок, полесен и побрз од останатите. Од Sony нагласуваат дека целиот уред е дебел колку 30 листови хартија.

Sony разви и нова апликација Digital Paper, која се користи во комбинација со новиот таблет. Таа може да се користи за лесно претворање и префрлање на сите формати документи на DTP-RP1. За жал, новиот таблет поддржува само PDF документи. Продажбата на DTP-RP1 почнува на 5 јуни во Јапонија, а ќе чини околу 170 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail