Новиот „Електричен Голф“ на „Фолксваген“ ќе чини помалку од „Моделот 3“ на „Тесла“

133780801.jpg

Компанијата „Фолксваген“ најави дека нивното електрично возило „И.Д.“ ќе чини многу помалку од „Моделот 3“ на компанијата „Тесла“.

„Елекричниот Голф“ на пазарите ќе пристигне во 2020 година, а како што најавуваат специјализираните сајтови засега не е сигурно дали според перформансите и карактеристиките „И.Д“ и  „Моделот 3„ ќе си бидат директна конкуренција.

Тоа што се знае е дека електричното возило е адутот за „долг дострел“ на „Фолксваген“, а според шефот за стратегија на групацијата, Тамас Садран, проектираната цена ќе изнесува за околу 6.000 евра помалку од онаа на „Модел 3“.

Тоа значи дека „И.Д.“ треба да чини меѓу 23 и 25.000 евра ако се знае дека „соголената“ освновна верзија на „Моделот 3“ е малку над 30.000 евра.

Вреди, меѓутоа, токму сега да се истакне дека е тешко да се каже каде и според опремата и според цената за три години ќе биде новото возило на „Тесла“. да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail