НОВИОТ ФРАНЦУСКИ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

NOVIOT-FRANCUSKI-AMBASADOR-VO-POSETA-NA-UKLO-scaled.jpg

НОВИОТ ФРАНЦУСКИ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

НЕ г-динот Сирил БОМГАРТНЕР, Амабасадор на Франција во Република Севернна Македонија, за време на својата посета на Битола, на 02 декември 2020 година, оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо КОРУНОВСКИ.

Во текот на пријатната получасовна средба двајцата соговорници уште еднаш ги потврдија исклучително добрите релации помеѓу Универзитетот и Француската Амбасада во земјата. Како потврда за оваа академска соработка е и членството во рамките на најголемата универзитетска мрежа АУФ, проектните апликации што се веќе реализирани и кои ќе се реализираат во наредниот период, соработката во рамките на Еразмус +програмата и сл.

Ректорот Коруновски го запозна Амбасадорот Бомгартенер со личната карта на УКЛО, зборуваше за структурата на Универзитетот и за некои аспекти во високообразовната понуда што го градат посебниот, специфичен институционален профил како што се техничките, економските науки, со посебен аспект кон  науките во областа на туризмот и безбедноста, за кои Амбасадорот пројави посебен интерес. Дополнително, Амбасадорот изрази желба и подготвеност за идни средби и контакти и во тој контекст, и за одржување предавања на теми од заеднички интерес пред студентите на УКЛО.

Денешната посета на  Битола, а во тие рамки и на Ректоратот, е прва на агендата на дестинации на амбасадорот во краткиот период по неговото доаѓање во нашата земја.

На средбата присуствуваше и новоизбраниот претседател на сенатот проф. д-р Пеце Николовски, како и почесниот конзул на Франција, раководител на Сектор во централната служба на УКЛО, г-ѓа Калиопа Стилиновиќ.


Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail