Новитет на Вајбер – доверливи пораки (видео)

timthumb.jpg

Снепчет пред неколку години прв ги промовираше пораките што се бришат само неколку секунди по примањето, така што испраќачот со сигурност знае дека таа порака, видео или фотографија ќе ја види само една личност – онаа кон кого е испратена.

Слична опција сега нуди и Вајбер. По фотографирањето или снимањето, во горниот десен или долниот лев агол ќе се појави икона во облик на пречкртан часовник, што ја означува пораката како „доверлива“ и ни нуди да го одредиме нејзиното времетраење.

По прегледот, таа може да се избрише по една, три или седум секунди, изборот е наш.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail