Ново истражување: Дебелите луѓе имаат 10 години постар мозок

deb.jpg

Дебелината, како што е познато, може штетно да влијае на здравјето. Вишокот на килограми значи поголем ризик од мозочен удар, карционом, дијабетес тип 2, срцеви болести, висок крвен притисок и проблеми со бременоста кај жените.

Научниците неодамна откриja дека дебелината негативно влијае и на мозокот.

Во средни години, мозокот на дебелите луѓе може да биде и до 10 години постар отколку кај луѓето со нормална тежина.

Истражување направиле и научници од универзитетите Кембриџ и Јејл и експерти од Кембриџ центарот за стареење и невронаука.

Тие, во текот на период од пет години, анализирале податоци на повеќе од 500 луѓе на возраст од 20 до 87 години. Сите учесници биле здрави возрасни лица. Тие се поделени во две групи, слаби и оние со вишок на килограми.

Врз основа на снимки на мозокот, научниците ги реконструирале мозочните структури и го мереле односот меѓу анатомијата на мозокот и телесната тежина.

Кај дебелите луѓе, волуменот на таканаречената бела материја е поврзан со поголем степен на атрофија, односно намалени димензии. Белата материја е ткиво преку кое се пренесуваат пораки меѓу различни делови од мозокот.

Најголемо атрофирање било забележано кај средновековните луѓе, а ефектот одговарал на мозок постар за околу 10 години, во однос на староста на која биле учесниците во истражувањето.

Откритијата сугерираат на тоа дека прекумерната тежина може да го забрза процесот на стареење на мозокот и да го зголеми ризикот од невродегенерација, што значи губење на функции на невроните.

Невродегенерацијата предизвикува многу болести, како Паркинсова, Алцхајмерова и Хантингтонова болест.

Научниците претпоставуваат дека мозокот на луѓето во средна доба е многу ранлив, па затоа изгледа дека луѓето во таа возраст имаат постар мозок.

Понатамошни истражувања ќе се занимаваат со врската меѓу стареењето и дебелината, како и со тоа дали слабеењето може да помогне за одложување на процесот на стареење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top