Ново медицинско достигнување – тетоважи кои детектираат болести во организмот

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-01.jpg

Тим истражувачи од Универзитетот МИТ во САД разви мастило за тетовирање кое ја менува бојата во зависност од нивоата на глукоза и pH вредностите во телото.

Проектот „Дермален Амбис“ е резултат на соработка помеѓу МИТ и група студенти. Во надеж дека ќе успеат да го направат човечкото тело „интерактивен дисплеј“, тие развија метода за замена на традиционалните мастила за тетовирање со биосензори – течности кои ја менуваат бојата како резултат на промени во крвотокот.

„Развивме четири биосензори, кои реагираат на три различни биохемиски информации во телесните течности и менуваат боја,“ изјави тимот научници.

„Ph сензорот се менува помеѓу виолетова и розова боја, сензорот за глукоза се менува помеѓу сина и кафеава, сензорот за натриум (сол) и вториот Ph сензор се флуоросцентни и се забележуваат со зголемен интензитет под УВ светло“.

Иако сé уште е во фаза на тестирање, односно течноста е инјектирана засега само во кожа на свиња, сепак научниците веруваат дека во иднина мастилото може да се користи како медицинска алатка.

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-02.jpg

На пример, пациентите кои се дијабетичари ќе можат да го проверуваат нивото на шеќерот во крвта без секојдневното боцкање, туку едноставно преку забележување на промена на бојата на биосензорната тетоважа.

Сличен концепт на следење на здравјето презентираше и уште еден научник којшто измисли електронска мрежа во форма на тетоважа, која ги следи температурата, потењето и физичкиот напор на телото.

Покрај овие два концепти коишто се замислени како помошни додатоци во медицината, има и други идеи за „паметни тетоважи“.

Таква е идејата за инкорпорирање на тетоважата (металните сјајни тетоважи кои се популарни на музичките фестивали) преку чиј допир може да се контролираат паметните уреди.

Tetovazi-koi-detektiraat-bolesti-vo-organizmot-03.jpg

Извор: Црнобело

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail