Ново откритие: 3D фотографија низ ѕид со помош на Wi-Fi сигнали

cIW6K-cover6.jpg

Користењето на Wi-Fi сигналите за “гледање” низ ѕидови веќе е познато, но сега е возможно и да се направи 3D снимка.

Благодарение на микробрановите кои продираат низ ѕидовите (и нѝ овозможуваат сурфање на Интернет и во друга просторија), група од германски научници успеала да направи 3D фотографии или холограми.

Филип Хол, 23-годишен студент по физика на Техничкиот факултет во Минхен, во склоп на својот завршен труд изработил уред кој ги чита микробрановите на Wi-Fi сигналот и го интерпретира нивното одбивање од предметите во собата во вид на холограм. Трудот, со помош на својот ментор Фридман Рејнхард, бил додатно разработен и објавен во списанието “Physical Review Letters”.

Технологијата сè уште е во фаза на прототип, па затоа и 3D фотографиите се матни, но таа би можела да биде доста интересна кога ќе се усоврши. На пример, со помош на Wi-Fi сигналите би можеле да се пронајдат и спасат затрупани тела при сообраќајна несреќа или земјотрес.

Искористувањето на Wi-Fi сигналите за “гледање” низ ѕидови не е нова технологија, но ова е првпат некој да успеал да направи 3D снимка, користејќи ги тие микробранови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail