aljaska-1170x766.jpg

Проучувајќи скелет од праисториско бебе пронајдено во Америка, научниците откриле дека припаѓа на најстарите колонизатори на Америка некогаш откриено.

Резултатите од истражувањето сугерираат дека Алјаска е населена пред 25 илјади години, 10 илјади години порано од досегашните претпоставки.

– Факт е дека ова популација е постара од другите познати групи староседелци што е важен податок за настанувањето на Америка, истакнува професорот Екс Вилерслев.

Тој претпоставува дека првите доселеници би можеле да бидат претци на домицилните жители на американскиот континет. Оваа нова популација е наречена „Древни Берингијанци“.

Врз основа на добиените резултати, научниците тврдат дека бебето живеело на подрачјето познато како Апвард Сан Ривер на Алјаска, а скелетот е стар 11.500 години.

Рзгледувајќи ги генетските сличности и разлики со останатите луѓе од тоа време, научниците сфатиле дека до миграција од Азија во Америка дошло многу порано од претпоставките.

– Овие нови информации ќе ни овозможат подетално да ја истражиме историјата на населувањето на Америка, која очигледно е посложена од претпоставките, наведува антропологот Ден Потер.

Скелетот на бебето беше пронајден во 2013 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail