Goce8.jpg

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ покрај новото внатрешно уредување на собите во блоковите В и Г кое е во тек, добива и комплетно ново дворно уредување. Во соработка со Министерството за образование и наука наскоро ќе се работи на обновување на искршените бекатон плочки и застарените пешачки патеки, пробивање на нова пешачка патека како и поставување на нова урбана опрема и ново зеленило.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е составен од четири блока – згради, наменети за престој и уште еден објект – менза, наменета за исхрана на станарите. Партерот на студентскиот дом од три страни излегува на сообраќајници, додека пешачки пристап до блоковите има од сите четири страни на комплексот. Поради недоволната контрола и користењето на патеките како паркинг простор истите се доста оштетени, дел искршени, а некаде и недостигаат камени коцки по патеките.

Новопроектната документација не предвидува големи измени во однос на организација на просторот, но пешачкиот пристап до блоковите ќе биде регулиран со поставување на рампи за контролиран влез на возила на источниот и западниот пристап во комплексот, а на северната и јужната патека ќе бидат поставени заштитни столбчиња. При тоа се овозможува пристап од споредните сообраќајници околу комплесот, во случај на потреба од специјално возило. Рампите ќе се контролираат механички.

Постоечките дотраени бетонски патеки ќе се реконструираат со павер елементи. А предвидена е и нова пешачка патека на западната страна од Блок Б, со која се олеснува пристапот од блоковите до булеварот, а со тоа и автобуската конекција за студентите.

Централното зеленило меѓу блоковите има комплетно ново решение, со нови патеки од чакал и урбана опрема. Урбана опрема е поставена по целиот комплекс соодветно, а комплетно се опремени патеките за одмор и рекреација на јужната страна. До секој од споредните влезови од блоковите е овозможен пристап до рампите за инвалидизирани лица, а пред секој до главните влезови има поставени метални држачи за велосипеди, соодветно према потребата.

На влезот на постоечкото интернет кафе и на бочниот влез во Блок А ќе се руши постоечката бетонска патека и ќе се изведе нова од павер елементи. Жичаната плетена ограда на двете страни од игралиштето ќе биде заменета, а конструкцијата соодветно ќе биде заштитена од атмосферски влијанија. На партерните површини ќе има ниско и високо зеленило.

Од урбана опрема во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе има 38 клупи, 9 корпи за ѓубре, 8 паркиралишта за 5 велосипеди. Додека останатиот дел од партерното уредување се состои од високо и ниско зеленило, нови инсталации за водовод, канализација, електрична и термотехничка инсталација.

Oсновна функција на домот е колективно домување, обезбедување на привремено живеалиште за студенти, апсолвенти и постдипломци. Токму затоа нашите заложби се во таа насока, да обезбедиме комфорна и пријателска средина како во делот на сместување, така и во дворното место.

извор: порта3.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail