Новооткриено растение наречено „Хендрикс живее вечно“

dudleyahendrixii1215.jpg

Научниците од американската сојузна држава Калифорнија новооткриено растение го нарекоа по митскиот гениј на гитарата и легенда на рокенрол музиката Џими Хендрикс.

Растението од родот сукуленти откриено е во една од сојузните мексикански држави Баја Калифорнија (Долна Калифорнија) е наречена Dudleya hendrixii, што претставува игра на зборови која треба да значи „Хендрикс живее вечно“.

Станува збор од семејството Crassulaceaе. Имаат листови кои содржат резервоари за вода и типичен изглед од цветови со пет латици, многу ретко четири или шест. Многу од нив се одгледуваат како украсни растенија во градините, поради нивниот атрактивен изглед и отпорност.

Биологот Марк Додеро, поранешен студент на Универзитетот во Сан Диего, го открил растението со розови-бели цветови и со колегата Стивен Меккејб од Универзитетот Калифорнија одлучил да го нарече по својот омилен гитарист.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail