Новото американско супер-оружје ќе парализира цели градови!

super-oruzje-sad.png

Доколку се тече според планот на американските вооружени сили, следното супер-оружје со кое што ќе располага армијата ќе биде таканаречената електромагнетна пулсна артилерија (ЕМПА), чија што главна задача ќе биде многу „едноставна“ – да парализира цел непријателски град.

Гранатите на ова супер-оружје нема да бидат полни со експлозив, туку ќе делуват со испуштање на моќни електромагнетни удари и други некинетички технологии кои што ќе им ометаат на компјутерите, интернет мрежата, радиото и другите комуникациски канали на кои што почива едно модерно општество.

Како што велат од американската армија, новото супер-оружје, односно електромагнетната пулсна артилерија, ќе биде во состојба да изврши напад, да парализира цел град, без ниту една жртва.

Оваа модерна верзија на неутронската бомба, ќе ги таргетира радио фреквенциите кои што овозможуваат функционирање на една држава, а секако ќе може да неутрализира една модерна армија и бројни оружја да ги претвори во обични, неупотребливи експонати.

Концептот на електромагнетната пулсна артилерија е изнесен во новиот „Предлог за истражување“ на американските вооружени сили и се очекува наскоро да биде тестиран.

Оружјето ќе биде биде со калибар од 155 милиметри, а секоја „граната“ ќе носи подмуниција способна самостојно да предизвика вистински електронски хаос.

Сепак, во предлогот на истражувањето не е назначено како војската на Соединетите Американски Држави планира да го изведе тоа, иако научниците при истражувачкиот сектор во Пентагон тврдат дека веќе „отвориле широк спектар на не-кинетички ефекти“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail