Нуклеарна трка под радарите: Тајното вооружување на САД ќе го втурне светот на работ на Третата светска војна

qxxd8-nuklearna-trka-sad-rusija-kina.png

Растечкиот технолошки јаз помеѓу САД и нивните ривали кога е во прашање нуклеарното оружје, може да доведе до негативен расплет во договорот за користење на оружјето и до сама нуклеарна војна.

Додека растат тензиите помеѓу нуклеарните сили – Русија и НАТО во Европа, САД, Северна Кореја и Кина во Азија, Вашингтон во целосна тишина ги надградува своите нуклеарни капацитети и настојува да го усовршат своето оружје кое што ќе им обезбеди победа во случај на војна.

Тројцата научници, Ханс Кристенсен – директор на Националната информативна програма при здружението на американските научници, Метју Мекензи од Советот за одбрана на државни ресурси и Теодор Постол, физичар и експерт за балистички ракети, во текстот за магазинот “Bulletin of Atomic Scientists” ја анализираа нуклеарнат моќ на САД и нивните противници.

Оваа надградба, дел од програмата на администрацијата на Обама која што чини трилион долари, му овозможува на Вашингтон да ги уништи копнените руски нуклеарни капацитети и покрај тоа, да задржи 80% од боевите глави во резерва. Доколку Русија го возврати ударот, би била срамнета со земја.

Морничава е самата помисла како би изгледало тоа. Претходните случаи на употреба на такво оружје во Хирошима и Нагасаки во 1945-та година, се чини дека ужасот од тоа е веќе заборавен. Во секој случај, двете бомби фрлени на двата јапонки градови не се ниту одблиску моќни како модерните бомби со кои што располага САД.

Бомбата фрлена во Хирошима имала 15 килотони експлозив, а таа во Нагасаки била нешто помоќна – 18 килотони. Заедно убиле над 215 илјади луѓе. Само за споредба, денешниот нуклеарен арсенал на САД – W76 има експлозивна моќ од 100 килотони, а W88 неверојатни 475 килотни моќност.

Проблемот е во тоа што во случај на нуклеарна војна, двете страни би биле уништени. САД се потпира на идејата „прв напад“, но нема гаранција дека таквиот напад би можел да ги одврати противниците да се одмаздат. Стратегијата на овој напад не е уништување на градовите со најмногу луѓе, туку елиминирање на нуклеарното вооружување на противникот, или барем најголем дел од тоа. Потоа, против-ракетните системи би го пресретнале ослабениот контра удар.

Една нова студија открива дека доколку дојде до војна помеѓу Индија и Пакистан во која што би биле користени бомби какви што беа фрлени на Хирошима и Нагасаки, би настанала нуклеарна зима која што ќе го намали производството на жито во Русија и Канада, а монсуните во Азија ќе бидат намалени за 10%. Во тој случај, научниците велат – замислете само какви последици би имало доколку се употребат нуклеарните капацитет на САД, Кина и Русија.

Ниту Русија ниту Кина немаат подморнички капацитети како САД, како ни сензори кои што можат да ги откријат тие подморници, но тоа не значи дека Русите и Кинезите нема по секоја цена да се бранат од уништување. Опасноста доаѓа доколку двете земји се почувствуваат за загрозени и започнат да ги усовршуваат своите проектили и боеви глави.

Конфликтот може да се спречи само ако страните се откажат од „првиот напад“. Ако до тоа не дојде, научниците заклучуваат дека резултатот на тоа ќе биде забрзана трка во нуклеарно вооружување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail