Обединетите Арапски Емирати ќе инвестираат 163 милијарди долари во обновлива енергија

UAE1-600x404.jpg

Обединетите Арапски Емирати ги најавија своите планови да инвестираат 163 милијарди долари во проект кој ќе генерира повеќе од половина од потребната енергија на земјата од обновливи извори.

ОАЕ се најголем извозник на нафта во светот, но презема чекори за намалување на зависноста од фосилни горива за енергија, вклучувајќи ја и изградбата на нуклеарни централи.

„Нашата цел е да се балансираат нашите економски потреби со еколошките цели порача шеикот Мохаме бин Рашид ал-Мактум, премиер на ОАЕ, при презентацијата на стратешките цели до 2050 година.

До 2050 година 44% од енергетските потреби на земјата ќе се задоволуваат од обновливи извори, 38% од гас, 12% од чисти фосилни горива и 6% од нуклеарна енергија. „Планот е да се зголеми ефикасноста за 40% и да се зголеми придонесот на чистата енергија до 50%“ велат од ОАЕ.

Во јуни годинава Дубаи најави изградба на соларна централа со капацитет од 1.000 мегавати до 2030 година, кога се планира 25% од потребите за енергија на земјата да се задоволуваат со зелена енергија. ОАЕ произведува околу 2,99 милиони барели нафта дневно, од која извезува околу 2,44 милиони барели.

(Al Jazeera)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail