Обединетите нации ја прогласија 2019 за година на Периодниот систем

extra_large-1546446822-periodic-table-681x383.jpg

Во 1969 година, Димитриј Менделеев – руски хемичар го создал периодниот систем. Со цел да се прослави 150-годишнината од овој значаен момент во науката, Обединетите нации ја прогласија 2019 година за Меѓународна година на Периодниот систем на елементите.

Како што веќе наведовме, Периодниот систем го создал Менделеев, а на него ги наредил тогаш познатите 63 елементи. Соочени со постојаното зголемување на бројот на елементи, било јасно дека треба истите да се организираат.

Структурата на Менделеевиот распоред се базирала на сличностите во хемиското однесување. Тој го искористил тоа за да ги предвиди својствата на тогаш непознатите елементи во празнините, која традиција ја следеле уште многу хемичари. Иако причината за моделот на тогашната табела биле непознати, препознавањето на нивното постоење помогнало да се дојде до објаснување на формата или однесувањето на валентните електрони на елементите.

“Активностите ќе ги истакнат придонесите на хемијата и другите основни науки во спроведувањето на “Агендата за одржлив развој 2030”, велат од УНЕСКО.

Генералното собрание на Обединетите нации исто така одлучи дека една година е доволна за да се прослават повеќе од една работи, па по повод годината на Периодниот систем го повика УНЕСКО да ја промовира важноста на настанот.

Заклучно со 2012 година, периодниот систем содржи 118 потврдени хемиски елементи. Од нив, 114 се официјално признати и именувани од страна на Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC). Вкупно 98 од овие елементи се среќаваат во природата, од кои 84 се примордијални. Останатите 14 елементи се среќаваат во ланците на распаѓање на примордијалните елементи. Сите елементи од ајнштајниум до копернициум, како и флеровиум и ливермориум, иако не се среќаваат во природата, се официјално признати од IUPAC како синтетски, додека елементите 113, 115, 117 и 118 на повеќе пати се синтетизирани во лабораториите и се познати само по нивните систематски имиња, кои не се засновани на нивните атомски броеви.

Во чиста форма и во макроскопски количини не е забележан елемент потежок од ајнштајниумот (елементот 99). Нихониумот, московиумот, тенесинот и оганесонот за првпат биле синтетизирани меѓу 2002 и 2010 година, а нивните имиња биле официјално одобрени кон крајот на 2016 година.

Во современиот периоден систем, елементите се подредени последователно во секоја периода од лево кон десно според нивните атомски броеви, при што нов ред започнува по благороден гас. Првиот елемент во секој следен ред е секогаш алкален метал со атомски број поголем за еден од тој на благородниот гас. Не постојат празнини во периодниот систем, бидејќи сите елементи меѓу водород и оганесон (елементот 118) се веќе откриени.

Водородот и хелиумот често се сместуваат на места кои не одговараат на нивната електронска конфигурација – водородот обично се сместува над литиумот, во согласност со неговата електронска конфигурација, но понекогаш се сместува над флуорот или дури јаглеродот, бидејќи слично се однесува. Хелиумот речиси секогаш се поставува над неон, бидејќи се многу слични во хемиска смисла.

Значењето на атомските броеви за организацијата на периодниот систем не било познато сè до разјаснувањето на својствата на протоните и неутроните.

Периодните системи на Менделеев се потпирале на атомските маси. Атомските броеви како организатори на периодниот систем дале дефинитивна подреденост на елементите основана на цели броеви, што се применува и денес дури и за новите синтетски создадени елементи.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail