Објавен добитникот на стипендијата Тома Фила

Objaven-dobitnikot-na-stipendijata-Toma-Fila.jpg

Објавен добитникот на стипендијата Тома Фила

На 21.09.2020 година во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа пригоден настан кој обедини два моменти: објавување на добитникот на стипендијата Тома Фила и врачување Пофалница за постигнат најдобар успех. Двете признанија се доделени на постдипломката од Правниот факултет, Мерита Шахин која студиите ги заврши со просек 10.

На настанот, присутните членови од раководство на УКЛО ја потврдија заложба за вреднување на трудот и  почитување на  постигнатиот успех на студентите. 

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека Универзитетот  со особено задоволство го уважува и  наградува вложениот труд на студентите, за што сведочи и организирањето на денешниот, посебен настан.

Постдипломката на Правниот факултет, Мерита Шахин е четвртиот добитник на стипендијата Тома Фила. Заблагодарувајќи се за укажаното внимание  таа истакна дека и на овој начин, УКЛО им дава дополнителен поттик и мотивација на своите студенти.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail