Објавен е јавен повик за субвенционирање на велосипеди

skopjenavelosiped.jpg

Град Скопје го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди во 2017-та година.

Градот со оваа мерка има за цел да ги стимулира граѓаните повеќе да ги користат велосипедите како нивно осново превозно средство.
Во огласот е наведено дека Градот Скопје ќе обезбеди поврат на половина од потрошените средства за купување на велосипед, но не повеќе од 4.000 денари.
Огласот ќе биде активен до ицрпување на средствата од буџетот наменет за оваа мерка и не подоцна од 31.12.2017 година.
Сите детали околу тоа како да аплицирате на овој повик, можете да ги погледнете ТУКА.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail