Објавен конкурсот за прием во студентските домови, аплицирање од понеделник

Studentski-dom-Goce-Delcev.jpg

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2017/2018 година.

Конкурсот е објавен на официјалната web страна на Министерството за образование и наука: www.mon.gov.mk.

Како што соопшти МОН, на Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2017/2018 година имаат право да конкурираат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Начинот на аплицирање, како и  критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, се објавени во самиот Конкурс.

Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне на 17 јули 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail