Објавен вториот број од „Student’s Social Science Journal„ и објавен Повикот за третиот број

SPISANIEEE.jpg

Меѓународното научно списание за студенти насловено како „Student’s Social Science Journal“ неодамна излезе од печат. Списанието содржи научни трудови од студенти и се објавува од неодамна во рамките на Правниот факултет на УГД. Најновиот број на ова списание може да се најде на следниов линкhttp://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.

Воедно, Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објавува Повикот за доставување на трудови за третиот број на списанието „Student’s Social Science Journal“ наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии. Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи. Во списанието може да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти. Списанието се објавува два пати годишно, во април и во октомври.

Котизацијата за објавување на трудови изнесува 20 евра во денарска противвредност и трудовите треба да бидат проследени со препорака за објавување од страна на професор од Универзитетот од каде што доаѓа авторот-студент. Студентите кои се запишани на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се ослободени од плаќање.

Повикот за доставување на трудови за вториот број на „Student’s Social Science Journal“ e до 15 март 2017 година. Трудовите треба да се достават наelena.ivanova@ugd.edu.mk или на ana.nikodinovska@ugd.edu.mk.

Правилата за изработка на трудовите се составен дел на овој повик. За дополнителни информации обратете се на elena.ivanova@ugd.edu.mk или наana.nikodinovska@ugd.edu.mk.

Документи:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail