Објавени прашањата за екстерно тестирање

denovive-kje-bidat-objaveni-prashanjata-za-eksternoto-testiranje-259781.jpg

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од основното и средно обрзование. На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk се достапни  околу 450 илјади прашања, а  20 проценти се обновени.

Тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците полагаат два предмета по електронски пат.

Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај. Кој предмет ќе го полагаат учениците ќе дознаат три дена пред тестирањето.

Според последните законски измени за основно и средно образование, годинава новина е тоа што ќе бидат тестирани  учениците од шесто одделение до трета година средно, односно екстерно  нема да полагаат учениците од четврто и петто одделение.

Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни, по што следи период  за поднесување приговори  кој ќе трае три дена.  Конечните резултати ќе бидат објавени на  27 Јуни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail