Објавени првите резултати од истражувањата на Јупитер направени од сондата Џуно

dlyakota.ru_foto-prikoly_podborka-interesnyh-i-veselyh-kartinok-180616_13-640x361.jpeg

Сондата Џуно на НАСА, речиси една година кружи околу  Јупитер и сега ги испрати  првите податоци.

Тие беа презентирани на годинешната конфернција на Европската унија на геолози и се чини дека би можеледа го променат нашето сфаќање во врска со најголемата планета во Сончевиот систем.

Претходните опсервации од страна на сондата Галилео укажуваа дека Јупитер има цврсто јадро од метален водород, меѓутоа новите гавитациони податоци од Џуно, го доведуваат ова во прашање. Се чини дека внатрешните слоеви на Јупитер не се постојани, туку редовно се мешаат едни со други.

Друго важно откритие е дека магнетното поле на Јупитер е многу посилно отколку што се мислеше порано. Досега се знае дека јупитеровото магнетно поле е најголемата структура во Сончевиот систем, која се протега на повеќе од 4 милиони милји во различни насоки и дека е 10 до 20 пати посилно од магнетното поле на Земјата.

Меѓутоа новите мерења на Џуно индицираат дека магнетното поле на Јупитер е речиси двојно појако од она што се сметаше претходно. Покрај тоа, се чини дека ова поле е нееднакво на некои места, што значи дека – за разлика од Земјата, магнетното поле на Јупитер се генерира поблиску до површината, наместо во длабочината, блиску до јадрото.

Сите информации се добиени само од првите пет орбити на сонадата Џуно. Леталото би требало да направи барем уште седум  „кругови“ пред  да ја заврши мисијата во јули 2018, но можно е леталото да продолжи да функционира подолго.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail