asteroid.jpeg

И покрај силното противење на научната заедница, астрофизичарот Ави Лоеб, шеф на Одделението за астрономија на Унверзитетот Харвард продолжува да ја застапува својата теорија дека вселенскиот објект „Омуамуа“ е дел од вселенски брод на вонземјани.

Тој тврди дека астрономите ја загубиле својата „детска љубопитност“ и смета дека се премногу исплашени од можноста да не се во право.

Во интервјуто, кое што неодамна го даде за „Чикаго Трибјун“, Ави Лоеб изјави дека работи на равенка со која ќе докаже дека необичниот меѓуѕвезден објект „Омуамуа“, кој моментално се движи низ орбитата на Јупитер, е навистина дел од вселенски брод.

Тој не смета дека објектот е комета или астероид, како што неговите колеги претпоставуваат, туку дека станува збор за „лесно јадро кое што некогаш било погон на некој напреден технолошки уред“. Лоеб смета дека меѓуѕвездениот објект се движи премногу брзо за обична карпа и се сомнева дека нешто то турка.

Астрономот од Хардвард ја отфрла можноста дека станува збор за комета, со оглед на тоа што нема нешто што потсетува дека е „опашка“ на комета.

Лоеб верува дека станува збор за „километар долго и еден милиметар тенко и лесно јадро“ кое што е толку лесно, што е во состојба да ги „фати“ сончевите зраци и да ги искористи како погон за движење низ вселената.

Ваквите ставови на угледниот астроном Ави Лоеб за вселенскиот објект „Омаумуа“ се на мета на жестоки критики на неговите колеги кои го обвинуваат за сензационализам и објавување на теории во кои што ни самиот не верува.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail