Од градини на крововите до архитектурни решенија слични на формата на сунѓерите, природните елементи сè повеќе го пронаоѓаат патот до зградите ширум светот.
Со ваквите градби се овозможува прехранување на населението, намалување на ефектите од поплавите и подобрување на квалитетот на воздухот. Ова е причината поради која шведската компанија Plantagon ја предложи идејата за т.н “plantscraper”-и, во слободен превод “растенијадери“ (од „облакодери“/skyscrapers).
Првата зграда од овој тип Plantagon ја градат во Линкопинг, Шведска, а се работи за голема градба со масивни фарми во нејзината внатрешност. Проектот кој започнал во 2012 би требало да биде комплетиран и отворен до 2020-та.
Овој „растенијадер“ ќе биде наречен The World Food Building („светска зграда на храната“), и сите билки во него ќе бида растени хидрофонично – што значи ќе растат без почва, само во вода богата со хранливи состојки.
За оптимален успех, тоа ќе биде контролирано скоро целосно автономно – сè од водата до хранливите состојки, сончевата светлина, температурата и квалитетот на воздухот, ќе биде мерено и контролирано автономно со помош на комплексен систем.
Конструкцијата на зградата ќе чини 40 милиони долари и ќе биде способна да прехранува над 5000 луѓе секоја година. Доколку проектот се покаже како успешен, да се надеваме дека сè повеќе градови ќе се вклучат во него и ќе градат ваков тип на згради кои ќе бидат корисни како за луѓето, така и за околината.