Облеката која наскоро ќе ја носиме ќе биде изработена од банани и ананаси

ananas.jpg

Што мислите за облека која е изработена од храна? Притоа, тука не мислиме на фустанот од месо кој го носеше Лејди Гага на доделувањето на МТВ наградите во 2010 година, туку за нешто што е многу повеќе од потреба за добра фотографија.

Модата е голем бизнис, а еден од најголемите трендови во светот на облеката е брзата мода – масовниот пазар и економичната облека со висок обрт на стилови која ги задржува купувачите. Тоа е пристап кој функционира во смисла на бројки. Купувачите купуваат 60% повеќе облека отколку пред 15 години. 

Од памук до кожа, создавањето на модни суровини троши голема количина на ресурси и создава огромни количини на загадување и емисии. Постојат влакна, како што е полиестерот, кои се добиваат од фосилните горива, а околу 20% од светските отпадни води доаѓаат од модната индустрија. Исто така се произведува огромна количина на микровлакна кои на крајот го наоѓаат својот пат до океаните.

Затоа, не е чудно што многу организации повикуваат на етичка и еколошка одговорност. Чекор понапред во оваа насока претставува Пинатекс – алтернатива на кожа, направена од влакната на листовите на ананасот. Иако е биоразградливa, многу од третманите кои Пинатекс ги добива во производниот процес не се. Смолата која ги прекрива влакната, на пример, се базира на хемија, но со употреба на нуспроизводите од ананасот, ваквиот материјал е еколошки поприфатлив од традиционалната алтернатива на база на кожа и пластика.

Бананите исто така ја добиваат својата улога во модната индустрија – од стеблата на бананите се произведува издржлив материјал кој е уште познат како “влакно од банана”. Поради тоа што е биоразградлив и многу цврст, веќе се користи како алтернатива за традиционалните текстили. Составен е од целулоза, хемицелулоза и состав кој е сличен на природна гума, а во Јапонија се користи веќе со векови.

Компанијата Хуго Бос има цел асортиман на Пинатекс обувки, додека модната дизајнерка Стела Мекартни е пионир во употреба на кожна суровина на база на печурки наречена Мајло. Останатите иновации во храната и тексилната индустрија вклучуваат: Вегатекстил (од вино), Оринџ Фајбер (од портокал) и Агралуп (слама).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail