igraiste-226165.jpg

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје денеска беше пуштено во употреба реновираното спортско игралиште во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“, спроведен од Младински образовен форум (МОФ). Обновени се головите, поставени се заштитни мрежи, а спортскиот терен е соодветно обележан.

Игралиштето, чија обнова ја поддржа Општина Карпош, сега е функционално и ќе може да го користат студентите за реализација на спортско-рекреативни активности во текот на нивниот престој во домот.

Општина Карпош соопшти дека и натаму ќе ги поддржува младинските акции и ќе иницира свои активности и политики за подигнување на младинскиот стандард.

– Градоначалникот Стефан Богоев предложи формирање локален младински совет од кој се очекува секојдневно да учествува во изнаоѓање на иновативни решенија за справување со локалните проблеми, информира Општина Карпош.

извор: сител

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail