Образованието се исплаќа – Повеќе од 76 милиони лица од ЕУ биле вработени во областа на науката и технологиите

evrostat-1.jpg

Повеќе од 76 милиони лица од ЕУ во 2015 година биле вработени во областа на науката и технологиите, што изнесува речиси една третина (31 процент) од вкупната работна сила на Стариот континент, покажува анализата на Евростат.

„Јадрото“ во ЕУ, кое целосно и директно се занимава со научна и развојна дејност и е главно сочинето од луѓе со професии во научно-технолошките специјалности, изнесувало околу 49 милиони лица или околу 20 отсто од вкупната работна сила во ЕУ, јавува БТА.

Највисок удел или повеќе од половина (51 процент) од вкупната работна сила во Луксембург во 2015 година биле вработени во областа на науката и технологиите. Следуваат: Шведска, Швајцарија и Норвешка со по околу 42 проценти и Данска со 40 проценти вработени кои работиле во сферата на науката и технологиите.

Најнизок удел е регистриран во Романија, која е единствената држава-членка на ЕУ во која помалку од една петтина (околу 19 отсто) од работната сила се користела во областа на науката и технологиите. На следната позиција според најмал удел на искористеност на работната сила во науката и технологиите е Грција со 20 отсто.

Лидер во генерирањето на финансиски средства од развојна дејност во областа на науката и технологиите во 2015 година била Германија со вкупен обрт од приближно 118 милијради евра. Следуваат: Швајцарија со 104 милијарди евра, Франција со 73 милијарди евра, Италија со  47 милијарди евра и Велика Британија со 40 милијарди евра.

Во Бугарија со истражувања, односно со научна и развојна дејност во посочената 2015 година се занимавале 14.000 лица, покажува анализата на Евростат. Приближно половина од истражувачите поседувале и докторски дисертации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail