Образовните програми и бизнис настани на Македонија 2025 претставени во Тетово

obraz.jpg

Организацијата Македонија 2025 и нивните образовани програми и бизнис настани беа претставени во Тетово со цел што повеќе луѓе низ државата да се запознаат со можностите за дополнителна едукација. Покрај Тетово во наредниот период ќе бидат претставени и во Прилеп и Штип.

Македонија 2025 е организација формирана од успешни Македонци во дијаспората пред се во Канада и Соединетите Американски Држави, а преку образовните програми Македонците може да научат нови вештини во странство. Воедно и Македонците од дијаспората можат да учествуваат во обука во Македонија.

-Постојат можностите како студиска тура за извршни директори и менаџери во Торонто, Битов програма за претприемачи, Летното бизнис патување, програмата Лидер едукација и развој како и програмата за извршни директори Зафировски, изјави Ема Јакимовска, асистент за комуникации.

Најголемиот настан самитот Македонија 2025 е можност за запознавање и вмрежување на претставниците на бизнис секторот од државата со оние од развиените економии. Исто така да се достигне една долгорочните цели на организацијата- да ги мотивира Македонците од дијаспората да инвестираат во родната земја.

-Минатата година имавме најголем самит со над 450 учесници и 40 говорници. Тоа беше можност за запознавње и воспоставување контакти за бизниси и други видови поврзување-вели Васе Георгиевска, финансов менаџер во Македонија 2025.

Самитот Македонија 2025 годинава ќе се одржи во ноевмри во Скопје. Технолошкиот парк во Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на промотивниот настан каде присутните можеа да се запознаат со можностите кои ги нуди Македонија 2025.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail