Обука по скијање за студентите на УГД

obuka-za-skianje.jpg

Спортскиот центар на УГД, како и секоја година, организира обука и настава по скијање за студентите на Универзитетот.

Обуката се организира во групи, согласно со степенот на познавање на скијачката техника. Обуката се организира во периодот од 19 до 23 февруари. Пријавувањето е до 5 февруари кај наставниците по спорт и рекреација на УГД или во салата „Јордан Мијалков“. Заинтересираните студенти можат да испратат и е-пошта на следниве е-адреси: biljana.popeska@ugd.edu.mkvanco.barbareev@ugd.edu.mk  или ljupco.nehtenin@ugd.edu.mk.

Обуката ќе се одржи на планината Рила во Бугарија, а можат да учествуваат сите заинтересирани студенти.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top