ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА EВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА Р. С. МАКЕДОНИЈА 2021 – 2027 ГОДИНА

UTMS-STANA-OVLASTEN-CENTAR-ZA-STEKNUVANJE-NA-MEGJUNARODNO-PRIZNAT-ESB-SERTIFIKAT-ZA-POZNAVANJE-NA-ANGLISKI-JAZIK.png

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА EВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ НА Р. С. МАКЕДОНИЈА 2021 - 2027 ГОДИНА

Универзитетот за туризам и менаџмент во партнерство со Европската Асоцијација „Обединети Бизнис Клубови“ организира обуки за подготовка на проекти за европско финансирање преку европски програми за грантови или финансиски инструменти за време на новиот програмски период 2021 – 2027 година.

“Обединети Бизнис Клубови” е претставник за Република Северна Македонија на SECI Business Advisory Council – ексклузивна платформа за национални и меѓународни заинтересирани страни, деловни компании, претприемачи и високи политичари. Основачи и партнери на платформа се Европската комисија, Европската банка за инвестиции, Европската банка за реконструкција и развој, Светската банка, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, итн.

Целта на обуката е учесниците:

  • Да се запознаат со деталните барања на неколку стотици програми и проекти и вид на инвестиции финансирани од европски фондови;
  • Да знаат како да ги структуираат и формулираат сопствени интереси во
    проекти и видови инвестиции;
  • Да ги научат правилата, механизмите, процесот, документацијата, неопходни за вистинска заработка на средства во рамките на разни програми чии правила и механизми можат да бидат различни за секој проект и тип на квалификувани инвестиции.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и компетенции за финансирање на проекти за:

  • Примање грантови и механизми за партнерско учество во нацрт-програми управувани директно од Европската комисија;
  • Добивање грант за сопствени инвестиции во нова опрема за производство на производи и обезбедување услуги, воведување на заштеда на енергија технологии и ОИЕ, развој на нови производи и услуги со висока научна и технолошка содржина, воведување на ERP и CRM кои исполнуваат меѓународно признати стандарди, поддршка за интернационален маркетинг и извоз, создавање на индустриски и технолошки јаки центри;
  • Грантови за обука на персоналот;
  • Примање грантови за обработка на земјоделско земјиште и проекти, поврзани со преработка на земјоделски производи;
  • Учество на тендери за спроведување на големи општински инвестициски зафати услуги, материјали, изградба и поправка на целосната градска инфраструктура, водовод, постројки за третман на отпадни води, системи за транспорт, телекомуникациски и информациони системи, системи за управување отпад, големи општински згради, станбени згради итн.;
  • Примање грантови за заедничка изградба и работење заедно со општините за технолошки, индустриски и логистички паркови, интермодални транспортни центри , товарни населби.

Обуките ќе се одржат online и се организирани во шест делови.

Учесниците кои сакаат да ја следат обуката ќе бидат поделени во три групи од по 30 лица.

Обуката ќе се реализира од 9:30 до 15:00 часот.1. Генерален преглед на европските фондови и програми за финансиска поддршка на развојот на Република Северна Македонија за периодот 2021 – 2027 година

  • I-ва група – 06 Маj 2021 (четврток)
  • II-ра група – 07 Маj 2021 (петок)
  • III-та група – 08 Маj 2021 (сабота)

2. Европски фондови и програми за финансиска поддршка на развојот на патна инфраструктура, урбанистичка инфраструктура, животна средина, вода и промена на климата во Република Северна Македонија3. Европски фондови и програми за финансиска поддршка на ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ХРАНИТЕ, ШУМИТЕ и РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ во Република Северна Македонија4. Европски фондови и програми за финансиска поддршка на развојот на ТУРИЗМОТ, КУЛТУРАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО и СПОРТОТ во Република Северна Македонија5. Европските фондови и програми за МАЛИ и СРЕДНИ БИЗНИСИ во Република Северна Македонија6. Како да подготвиме успешни проектни предлози за аплицирање за Европските фондови и програми (Теоретски и практични активности)

Обуките се корисни за претставници на државната и општинската администрација, бизнисот, невладини организации, културни и спортски организации, училишта, универзитети и други профили.

Официјално отворање ќе се одржи преку Интернет. Поздравни зборови од висок претставник на Владата, претставник на Европската комисија, претставник на Европската банка за инвестиции, д-р Ерхард Бусек – претседател на SECI.

Предавачи:

Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малите и средните бизниси (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”.

Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.

Маjкл Фазекас, Ph.D., MBA, LL.M. – Извршен координатор на SECI и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Повеќе инфо на: edf@utms.edu.mk

Пријавување до 30.04.2021

Пријава за обука

Извор: УТМС

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail